Пилешко со сливи – Марџан Сатрапи

Автор:

Извонредната иранско-француска авторка Марџан Сатрапи, во ова лично и трогателно дело, со многу хумор не’ води низ последните осум денови пред смртта на нејзиниот вујко, музичарот Насер Али кан.

Во Техеран, 1958, Насер Али кан ужива слава ширум Иран благодарение на својот ненадминат талент за свирење тар. Кога во една од безбројните кавги сопругата ќе му го здроби обожаваниот инструмент, тој очајнички се обидува да најде нов тар кој ќе му ги врати уживањето и желбата за живот. Но, сите обиди се залудни и тој решава да умре.
Низ наредните осум денови, чекајќи Азриел, ангелот на смртта, да му чукне на врата, Насер Али контемплира за својата тажна егзистенција и за минатото, и постепено не’ води низ својата приказна на татко, маж, брат, музичар, но и голем егоист со скршено срце, откривајќи ја притоа тајната на сојата музичка вештина.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *