Автор:

„Вештерките денес“ е дебитантска поетска книга на Калиа Димитрова.

Ослободена од секакви стеги, многу често употребувајќи стих со еден или два збора, Калиа ја следи сопствената мисла/порака низ своевидна лежерна ритмика, што прозвучува како мелодија. Ненаметливо остава читателот да се движи според сопствените афинитети и слободно да ја доловува упатената порака. Тоа придонесува поезијава да ја восприемаме со леснотија, но претставува и предизвик, да ги бараме метафорите скриени во нејзината навидум лежерност. (Бистрица Миркуловска)

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *