Автор:

На прв поглед сѐ во расказиве и е и не е, и е вистина и е измислица. Расказиве се и не се автобиографски, а раскажувачките јас што во нив се јавуваат и се и не се Ненад Величковиќ. Всушност, тоа и не се раскази туку хибридна патописна проза која цело време се тетерави меѓу неверојатниот хумор и критичкиот ангажман. Нашата „постмодерна состојба“ авторот со лирски, трагични и пародични тонови ја слика и како своевидно срце на темнината.

Единствената нишка што нѐ води надвор од лавиринтот на моралната дезориентираност се чини дека е нашата свест да го разликуваме доброто од злото. Затоа не изненадува што авторот се загубил некаде меѓу фикцијата и стварноста, и што од нас очекува да го пронајдеме и „истереме на чистина“ со помош на сопствениот морален компас.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *