Автор:

vo-svojot-dvorКнигата „Во својот двор“ на словенечката писателка Сузана Тратник е збирка од четириесетина кратки раскази, впечатоци, реминисценции и воедно асоцијации на настани од привидно раздвоените периоди на детството и зрелоста. Домот и сигурноста се мотиви кои се истакнуваат во збирката, но често се проблематизирани. Тратник вели: „’Во својот двор’ за мене значи некое место на кое можеш да се чувствуваш дома и сигурно. А мојот двор не е самото место, тоа е концепт, мојот двор може да биде каде било на светот, може да биде и (ЛГБТ) заедница, идеја пријателство… Во секој расказ ме интересира да отворам нова тема. Каде што се очекува нешто трагично и патетично, сакам да откријам хумор. И обратно.“

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *