Автор:

Добитник на наградата „Новите!“ за најдобар дебитантски прозен ракопис за 2021. 

Првата збирка раскази на Марија Ангеловска е претпазливо но смело ѕиркање отаде видливото, кое постои само како една од можните димензии. Штом читателот ќе се раскомоти во удобноста на познатата приказна, таа ненадејно се преслекува во нешто друго. Таа игра со преобразбите на приказната води кон нејзината скриена суштина. Ваквите игри Ангеловска ги прави благо и досетливо, со голема посветеност на психолошката градба на ликовите и на стилистичките финеси на текстот. Расказите се привлечни и поради леснотијата и непретенциозноста, и возбудливи се поради можноста за ем за игра, ем за промислување на светот. 

 

Благодарност до Комерцијална банка АД Скопје, која редовно го помага доделувањето на наградата „Новите!“

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *