Автор:

Марсел Швоб (1867-1905) денес се смета за значаен иноватор во книжевноста, а неговото име стои заедно со имињата на Маларме, Мирабо, Жид, Ренар, Жари… Бил доктор по класична филологија и ориентални јазици. Неговото дело ја прикажува грчкоримската култура и најскандалозните личности од тоа време. Во текстовите често е заинтересиран за мрачните, садистички и ужаснувачки аспекти на човечкото постоење.

Необичната книга „Имагинарни животи“ е составена од дваесет и две замислени биографии на вистински и измислени личности од историјата. Некои се славни жители на светот, а други се маргиналци или сосема измислени, чиј статус е нејасен, токму соодветен за впишување имагинарни слики.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *