Автор:

GrcevКнигата „Името на злото“ содржи текстови и колумни на Мирослав Грчев, еден од најголемите противници на груевистичкиот режим, пишувани во периодот 2006-2014. На нешто помалку од 400 страници, Грчев храбро и немилосрдно ја демаскира глупоста и штетноста на владејачката гарнитура на ДПМНЕ која ја води Македонија во пропаст.
Од предговорот на авторот:
„Читањето на тектонските пукнатини и урнатини кои „преродбата“ и нејзиниот градителски перформанс „Скопје 2014“ ги правеше во овдешново архитектонско и градоградителско наследство, ми овозможи да сфатам дека во нашава земја се случува нешто неверојатно лошо; некакво огромно зло, непоимливо, неразбирливо и вон сечии очекувања; зло чиишто последици нема да остават неоштетен ниту еден дел од македонската култура и општество. Поради ова, темите на текстовите од областа на урбанизмот и архитектурата набргу се проширија кон областите на планерското законодавство, уставноста и владеењето на правото; културата, идентитетот и историјата; потоа, демократијата и изборните измами, за да заталкаат и во лавиринтите на психосоцијалните анализи на однесувањето на жртвите во времиња на големи несреќи.“

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *