Автор:

„Импровизирани часови“ ја сочинуваат песни од различни творечки периоди на Давор Стојановски. Неговата лирика понекогаш црпи и од прозата: најчесто степенот на наративност му е потребен за да постави теза, па да ја облагороди и да ја исполни со наместа надреалистични моменти, компарации и метафори со висок степен на оригиналност. Свежината и изразот, директниот, прецизен, строг и сиров јазик, како и бројните иновативни метафори дефинитивно ќе ја променат поетската летаргија што ја има опфатено македонската поетска сцена последниве неколку години.
(Душко Крстевски)

Давор Стојановски (Скопје, 1987) е романсиер, поет, преведувач и музичар. Магистрира на Филолошкиот факултет во Скопје. Неговите дела се застапени во домашни и во странски антологии и списанија. Романи: „Ненасловена месечева соната“ (Или-или, 2013), „Собирачи на пепел“ (Или-или, 2016) и „Утеха за голите“ (Или-или, 2018). Добитник на наградата Роман на годината на „Утрински весник“ за 2016. „Импровизирани часови“ е неговата прва збирка поезија, деновиве излезена.

Поезија од авторот овде

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *