Автор: ,

Уште една книга, од областа на попреченоста, во едицијата „20/21 век“.

„Попреченоста ме формира, ме водеше, ме поучуваше, ми помагаше и ме понижуваше. Никогаш не го пребродив тоа и свесна сум за нејзината сила и моќ“ – е цитатот на Доротеа Ланг, со кој започнува книгата „Инспиративни луѓе со попреченост“.

На 271 страница се претставени 68 портрети на исклучителни луѓе кои создале значајни дела, во разни области, и покрај физичката попреченост. Портретите се сместени во осум области: Историски икони (Роза Луксембург, Сара Бернар, Бетовен, Доротеа Ланг, Луј Брај…); Уметност (Фрида Кало, Анри Матис, Пол Кле, Мери Дафи, Рива Лерер…); Книжевност (Фланери О’Конор, Борхес, Лора Херши, Артур Кларк…); Музика (Реј Чарлс, Џанго Рајнхарт, Стиви Вондер, Хоакин Родриго, Лизи Емех…); Филм (Селма Блер, Алисон Строкер, Кристофер Рив); Активизам (Ед Робертс, Хелен Келер, Џуди Чемберлин, Адолф Рацка…); Наука (Темпл Грандин, Томас Едисон, Стивен Хокинг, Санг-Мук Ли; Современи инспирации (Џон Хокенбери, Кери Барнел, Мана Хашимото, Лизи Веласкез…).

Изборот и преводот е на Алек Кузмановски и Елена Митреска.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *