Изданието на Како да се биде геј од Дејвид Халперин, капитално дело во квир теоријата, на македонски јазик, претставува исклучително важен придонес кон нашата културна сцена на бројни нивоа. Се работи за длабинска, опсежна и особено чувствителна анализа на квир културата која има за цел да помогне во расветлување на природата и обликувањето на субјективитетот на геј-мажите, храбро и пркосно присвојувајќи ги токму најкритикуваните аспекти на нивното општествено (а не индивидуално) односно културно (а не сексуално) бивствување. Оваа енергична студија нуди зграб на нови алатки на отпор, возбудливи и важни увиди за општествено-културните процеси и поттик за повеќеслојно интелектуално и емотивно ослободување.

Дополнително, извонредниот превод на Огнен Чемерски прецизно го лови колоритот на квир мислата и терминологијата и неговите остри решенија претставуваат предизвик сами по себе.

Фрагмент од книгата на следниот линк: „Како да се биде геј

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *