Автор:

Мама

Дента кога баба не умре, мама почувствува необична главоболка. Окото почна да ѝ бега налево. Брат ми ја однесе во брза помош. Се врати дома без неа.

Мама е силна личност со ситни коски. Досега двапати има лежено во болница. Еднаш мочаше камења, а вториот пат заталкано дете.

Дента кога баба не умре, купував. Книги, кремови, купки. Во косата носев влага стара една недела. Поминав низ плоштадот на кој, еве, пред некој ден испушти душа убав младич. Велат дека бил спортист. Добар ученик. И дека не бил конфликтен. Претепан е до смрт. Се прашував како им звучи на странците нашиот збор за смрт.

Смрт.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *