Автор:

По повод шеесетгодишнината од првата стихозбирка и, воопшто, првата објавена книга на Влада Урошевиќ: Еден друг град (1959), книгоиздателството Темплум објави еден репрезентативен избор од поезијата на живиот македонски класик.

Во книгата се застапени 144 песни, распоредени, по 12, во 12 циклуси. Намерата на приредувачот, Никола Гелевски, е избраните песни да оцртаат своевиден лавиринт („ама со цвеќиња“) низ шеесетгодишното поетско творештво.

Интересен момент во книгата се и дванаесетте дигитални надреалистички колажи на Влада Урошевиќ, со кои почнува секое поглавје.

Повеќе за книгата и фрагменти:

Лавиринт

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *