Автор:

moris„Морис“ е приказна за млад човек од средната класа во потрага по сопствениот идентитет во рамки на општество во коешто нема место за остварувањето на неговата љубов кон маж. Најпрвин Морис влегува во хомосексуална врска со припадник на својата класа, соученик во Кембриџ, но врската ќе пропадне. По неуспешните обиди да биде „излечен“ со психотерапија, Морис остварува љубовна врска со младиот и сиромашен ловочувар. Морис се бори со себе, а истовремено и со сопственото опкружување, за да изнајде простор каде што би можел да биде тоа што чувствува дека е, и како таков да биде прифатен.
Плашејќи се јавно да истапи со својот геј идентитет, Форстер сметал дека романот треба да остане необјавен „сè до неговата смрт или до смртта на Англија“. Објавен во 1971 година, една година по смртта на Форстер, а пишуван во 1913 година, овој роман денес се смета за класично и мошне влијателно дело.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *