По повод петнаесетгодишнината на порталот Окно, книгоиздателството Темплум покрена нова едиција OK.NO. Станува збор за џебни книжулиња со обем 30 до 50 страници. Замислени се како мали компресирани содржини преземени од истиот портал.

Во првите 5 книжиња од оваа едиција, кои го сочинуваат првиот том, се застапени повеќе од 500 вицови избрани од рубриката ВИЦ на порталот Окно.

Во продолжение пренесуваме 10 избрани вицови од петте книжиња од едицијата.

 

 

 

 

Жабец по телефон се јавува кај гатачка

„Кажи ми нешто за мојот иден љубовен живот, гатачке?“
„Ќе сретнеш многу убава жена која ќе сака да ја осознае твојата внатрешност.“
„Вау! А кога ќе се случи тоа?“
„Догодина, на час по биологија.“

 

Последна желба

Кртот го осудиле на смртна казна.
„Имате последна желба, крту?“
„Да, жив да ме закопате“, одговорил кртот.

 

 

Немам време за губење
Шизик, веќе размазен со постојаните успеси
кај жените, ѝ се обратил на девојка која
штотуку ја запознал: „Немам време за губење!
Затоа само кажете ми: да или не?“
„Добро“, рекла таа, „ќе одиме кај вас или кај
мене?“
„Е ако сега мислите да отварате некаква
дискусија околу тоа, подобро да не
разговараме!“

 

Си нацртав мустаќи и отидов на работа
Жените со исцртани веѓи ми рекоа дека не
сум нормален.

 

 

Пресуда
Македонски политичар удрил двајца пешаци
на пешачки премин. Работата отишла на
суд и судијата донел пресуда: „За тој што со
глава го скршил ветробранското стакло – пет
години, за напад и оштетување туѓ имот.
За другиот, кој одлетал на тротоар – осум
години, зашто има и обид за бегство.“

 

„Добар ден, дали е тоа Општина?“
„Да, повелете.“
„Ве молам, раскажате ми некој виц?“
„Дечко, овде се работи, се нема време за
вицови.“
„Хахаха! Добар!“

 

 

Патнички брод поминувал крај
напуштен остров
Луѓето на палубата забележале на островот
човек со голема брада и со искината облека,
како вреска по нив на цел глас.
Патниците го прашале капетанот: „Кој е тој
човек на островот?“
„Стварно не знам, но секоја година кога
поминуваме од овде тој тотално полудува.“

 

Бубашваби во канализација разговараат за
новиот ресторан во соседството
„Фрижидерот е совршено чист, патосот гланц,
ѕидовите без каква било пукнатина, плафонот
хромиран… Нигде нема ни трошка!“
„Те молам, не ми збори такви работи барем
додека јадам!“

 

 

А ни матори
Во игротека двајца возрасни, на средни
години, ги забавуваат децата.
Им приоаѓа еден родител и ги прашува:
„Колку години имате вие?“
А тие брзо и сложно му одговараат: „Ние не
сме млади аниматори!“

 

Мајка однела син на психоанализа
На враќање сосетката ја прашува: „Што се
случува со вашиот син, комшике?“
„Мали проблеми… Лекарот вели, Едипов
комплекс…“
„Што и да е, главно е вие да се сакате!“

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *