Автор:

Зоран Анчевски (р. 1954, Скопје) е значаен македонски поет, есеист, литературен преведувач и професор по англо-американска литература. Досега ги има објавено стихозбирките: „Патувања низ скршени слики“ (1984), „Стратегија на поразот“ (1994), „Линија на отпорот“ (1998), „Превод на мртвите“ (2000), „Див мир“ (2004), „Избрани песни“ (2008), „Историја на ветрот“ (2009), како и обемната студија „За традицијата“ (2007).

Преведувач е и уредник на голем број поетски антологии, избори и прозни дела на врвни светски автори на македонски јазик. За својата преведувачка дејност ја има добиено наградата Григор Прличев во 2001.

Добитник е и на наградата на Студентски збор за најдобра дебитантска книга во 1985, како и на престижното меѓународно признание за поезија Ѓакомо Леопарди во 2004.

Член е на ДПМ и актуелен претседател на Македонскиот ПЕН центар, Од 2003-2007 бил претседател на Управниот одбор на меѓународниот фестивал Струшки вечери на поезијата.

Фрагмент од книгата овде

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *