Четвртиот том од едицијата OK.NO. е посветен на Палестина. Во петте џебни книги се застапени авторите: Ахмад Кадура, Мохамед Сабанех, Омар Ал Абдалат, Наоми Клајн, Гидеон Леви, Јанис Варуфакис и Славој Жижек.

Книгите ги носат следниве наслови: Карикатури за Палестина (Омар Ал Абдалат); Како да се сопрат израелските воени злосторства (Наоми Клајн); Цената на затворот за два милиона луѓе (Гидеон Леви); Израел и Палестина: Прашања и одговори (Јанис Варуфакис); Канселувањето на Палестина (Славој Жижек).

 

Карикатури за Палестина
Омар Ал Абдалат

Омар Ал Абдалат (Omar Adnan Al Abdallat) е роден во Англија (1978), а живее во Јордан. Меѓународно е познат и наградуван карикатурист; јавен и мотивациски говорник; активист за социјални медиуми со повеќе награди; искусен предавач за креативна продукција, цртање, карикатури, креативно мислење, ангажман на социјални медиуми преку уметност; застапник за правата на жените и младите; активен член на Cartoon Movement и Tomato Cartoons; создал неколку ликови кои станале национални симболи и се поврзани со Јорданците и младите; објавил над 2000 карикатури и 500 видеа.

 

Како да се сопрат израелските воени злосторства
Наоми Клајн

„Во јануари 2009 година Израел започна шокантна нова фаза на масовни убиства во Појасот Газа и таа ѕверска операција со бомби ја нарече „Тврдо олово“. За 22 дена беа убиени 1400 Палестинци; на израелската страна имаше 13 жртви. За мене тоа беше последната капка што ја прели чашата; по години воздржаност јавно го поддржав палести скиот повик за бојкот, дезинвестирање и санкции против Израел (познат како BDS), додека таа земја не се усогласи со меѓународното право и универзалните принципи на човековите права.“

 

Цената на затворот за два милиони луѓе
Гидеон Леви

Гидеон Леви е израелски новинар и автор. Пишува за повеќе списанија и колумни за весникот „Хаарец“ кои често се фокусираат на израелската окупација на палестинските територии. Избор од тие колумни направивме за ова оваа мала книга.

 

Израел и Палестина: прашања и одговори
Јанис Варуфакис

„Го осудувам секое злосторство, кој и да е сторителот или жртвата. Она што не го осудувам е вооружениот отпор против системот на апартхејд осмислен како дел од забавената но неумолива програма за етничко чистење. Мислам дека е важно како Европејци да се воздржиме од осудување кој било Израелец или Палестинец кога ние, Европејците, сме тие што ја предизвикаа оваа бескрајна трагедија: бидејќи со векови практикувавме екстремен антисемитизам, што доведе до исклучително страшниот Холокауст, со децении сме учесници во бавниот геноцид над Палестинците, небаре две неправди прават една правда“.

 

Канселувањето на Палестина
Славој Жижек


Славој Жижек (Љубљана, 21 март 1949) е словенечки филозоф, културен критичар и теориски психоаналитичар. Еден е од најплодните современи филозофски писатели. Објавил повеќе од 100 книги и над 900 трудови. Меѓу другото, објавил и десетици текстови за Палестинското прашање. Познат е по неговата интерпретација и надградба на психоаналитичката теорија на Жак Лакан, која ја применил во поп-културата и социологијата. Инспириран од Хегел и Маркс, им припаѓа на филозофите на постструктурализмот. „Еден од најпознатите јавни интелектуалци на светот“, според Џон Н. Греј, „Жижек е денес она што Жак Дерида беше во осумдесеттите: омилен мислител за младата европска интелектуална авангарда.“

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *