Автор:

MuzilКнигава, која е прв роман на Роберт Музил, првпат е објавена 1906 година. Ги опишува доживувањата на младиот Терлес, кој е испратен на школување во интернат. Романот, меѓу другото, зборува за сексуалното осознавање или себеосознавање. Тој мотив предизвикал шок и скандализираност кај некои читатели во времето кога книгата се појавила. Хомосексуалните мотиви се главната причина поради која романот се нашол на црната листа на германската нацистичка власт. Првиот роман на Музил и денес е провокативен и привлечен. Се разбира, не во смисла на првичната „шокантност“, туку пред сè поради стилската брилијантност и идејната комплексност. Иако оваа книга без премногу „грижа на совест“ можеме да ја наречеме квир роман или bildungsroman, секое „ставање во фиока“ би било редуктивно. Комплексноста на делото на Музил се состои во оригиналноста и острината на неговиот стил.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *