Автор:

Tricko„Проститутката која го сакаше својот мевосек!“ содржи околу 70 колумни на Бранко Тричковски напишани во периодот 2013-2015. Во книгата се застапени и четириесетина илустрации („монтажи“) на Свирачиња, така што книгата всушност е авторско дело на Бранко Тричковски и на Свирачиња.
Од предговорот на авторот:
Феноменот на ВМРО е можен само во средини со ниска политичка култура, да не речам во политички неписмени средини. Во средини со плитка култура и плитко граѓанско напластување, без или со скромна традиција на држава, на управа, на институции, во искомплексирана срдина! Нашиот проблем не е појавата на ВМРО по седумдесет или осумдесет години хибернација, ниту е тоа политичкиот и идејниот профил на злосторничката организација, туку тоа што вмро наиде на хармонија со чувствата и резоните на голем дел од општеството, наиде на спремноста луѓето да се препуштат на чувствата и краткотрајните бенефити и по цена на сопствената смрт; наиде на неспремност да се препознае злото! Кај еден дел од луѓето дури можеше да се препознае тенденција за ослободување од строгоста на државата и препуштање во строгоста на партијата како покомотна строгост!
ВМРО и Македонија можат да одат заедно само како убиец и жртва.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *