Раздавање на душата (200денари)

Цветанка Трпкова по многу нешта ќе остане запаметена во македонската култура. Овде претставуваме дел од нејзиното мошне интересно прозно творештво. Таа објави две збирки со кратки раскази: Бележани со некој пален знак (1979) и Големото чистење (1984). Од тие две книги за едицијата Магма издвоивме 17 кратки раскази, зачудувачки свежи и живи, педесетина и повеќе години по настанувањето.
Поговорот на книгава го напишаа Кирил и Синоличка Трпкови.

Цветанка Трпкова, родена Секулоска, беше прилепчанка по мајка и по татко, дете на Александар Секулоски (Цане Боксерот) и Блага Пирганоска. Родена е на 21 март, првиот ден на пролетта, 1939 година. Во 1989 година загина во сообраќајна несреќа.

За Ценче

Од Оливера Николова

 

„Цветанка Трпкова, за мене е само Ценче. Артистката, разностраниот уметник и пријателката на сите што ја сакаа, таа беше едноставно само тоа. Малечка, со преубава коса, со идеална става и секогаш стегната во одот, небаре постојано е пред строга оценка на публика, таа, уште откако првпат ја запознав, почна да претставува некаква необјаснива мерка за мене. Ја следев каде што можев да ја следам, иако таа ми тврдеше дека е обратното, дека постојано се вгледува во моите постапки и се преоценува и самата.

Таков стана нашиот однос во сите години на нашите блиски контакти. Таа беше артистка во Радио-драмското студио, јас драматург во Редакцијата на драмските емисии.

Не се трудевме нешто повеќе од другите да се дружиме, или само ние двете да присуствуваме во некои посебни седенки, каде што ќе можевме да споделиме некои наши тајни. Само, ако чуев глас кој се издигаше над сите со својата виртуозна мелодиозност, ако тој глас достигаше пирамидални височини и потоа како изморен поток се спушташе во низината – знаев дека е тоа гласот на Ценче и дека таа или е веќе тука, или наскоро ќе се појави и ќе завладее со темата која тукушто се разгорела, придонесувајќи со тоа што самата смета дека е најточно.„ Целиот текст на Окно. 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *