Автор:

 Red-za-rucek„Ред за ручек“ на словенечката писателка, визуелна уметница и перформерка, Уршка Стерле, содржи дваесет и еден ангажиран расказ, пишувани во период од повеќе години. Во расказите испреплетени со лезбејска тематика се гледа празнотијата на современото урбано живеење. Без влакна на јазикот, авторката раскажува за досадните семејни собири или за пасивната неплодност на современите уметници. Во своите раскази, Уршка Стерле искрено и директно ги претставува истополовите љубовни врски. Во нејзините ликови се одвива интензивен внатрешен дијалог, којшто ја проблематизира неизбежната потреба гласно да се искажат скриените чувства, но и неподносливата тегобност на вербализацијата.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *