Автор: Ана Петровиќ
Новитет во едицијата „Лифт“ е книгата СТРИПОТЕРАПИЈА . Станува збор за една необична, мошне духовита и проникнувачка книга, која во Србија имаше три изданија за неполна година.
На македонски ја преведе Љупка Евроска.
„Се викам Ана Петровиќ. Сакам да цртам. Цртам и кога се осеќам добро и кога се осеќам лошо. Стрипотерапија настана во време кога се осеќав лошо. Настана спонтано, како интерна шега меѓу мене и мојата психотерапевтка. Почнав да цртам и запишувам некои од дијалозите и ситуациите низ кои минувавме, трудејќи се на горките теми да им додадам и одредена доза хумор.
Стрипотерапија набрзо стана многу повеќе од интерна шега. Стриповите почнав да ги објавувам и на социјалните мрежи. Најчестиот коментар беше: Ова сум јас! Реакциите ме мотивираа и охрабрија. Сфатив дека многумина го делат моето искуство. Ова не се стрипови само за мене, туку за сите нас.“
Во продолжение пренесуваме уште неколку страници од македонското издание на Стрипотерапија.
За авторката
Ана Петровиќ се занимава со илустрирање и дизајнирање книги и други публикации за деца и возрасни. Дипломирала на Факултетот за применети уметност во Белград 2012 година, каде што завршила и мастер-студии на модулот Применета графика, ателје графика и книга. Илустрирала над триесет книги.