Автор:

Јозеф Рот, големото име на австриско-германската меѓувоена проза, како писател во кризни времиња, денес добива прилика за ново читање: неговиот Јов, можеби највеќе затоа што нашиот отворен, мобилен свет е отворен речиси за сите, освен за луѓето кои малку потешко минуваат. Сепак, кога најпосле ќе минат и ќе стигнат таму каде што решиле дека мора одново да почнат отпочеток, кога по секоја цена емигрираат во некоја подобра земја, на крајот мораат да си го постават прашањето: дали сето тоа воопшто беше вредно за трудот?

Но, секако, Јов и без тој актуализирачки интерес при читањето, е по себе фасцинантен роман со една еврејска судбина во средиштето.

Уште во самиот наслов е најавена драматичната тема: приказната
за Јов од Стариот Завет, страдалникот чие трпение Господ го става на тест. Во романот тоа е Мендел Зингер, кој работи како учител, обидувајќи се така да обезбеди скромни средства за своето семејство. Но наскоро судбината почнува да му задава удари. Се раѓа неговиот последен син Менухим, кој изгледа како да е ментално заостанат. Потоа следуваат нови казни: најстариот син мора да учествува во руската армија, вториот дезертира за Америка, ќерката има љубовни врски со козаци, а за најмладиот син изгледа како да нема надеж да се излечи со помош на некое Божје чудо.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *