Автор: Никола Гелевски
„100 филмови за попреченост“ е насловот на најновата книга во едицијата „20/21 век“.
Кратка, прегледна, забавна, информативна, едукативна, на моменти смешна, често драматична и потресна антологија на стоте најзначајни филмови, од 1920 до 2024, што се занимаваат со темата попреченост (слепило, глувост, немост, осакатеност, парализа, куцоногост, грбавост, аутизам, дислексија, епилепсија, ментални нарушувања, генетски нарушувања, Даунов синдром, деменција, унаказеност, лепра, кома, лудило итн.) Книгата содржи и по околу 150 фотографии и реплики од филмовите.
Ларс вон Трир: „Се разбира дека позајмувам, за миг, Хичкоковата камера jа ставам во пејзаж на Тарковски, но нешто се случува во тој процес“. Она што се случува, според Трир, е креативната работа со жанрот и проширување на филмскиот јазик. Слична беше и мојата метода при составувањето на книгава.
Никола Гелевски, од предговорот