Автор:

 

Книгата на Калвино прецизно опишува пет вредности кои според него треба да се спакуваат во куферот при влезот во третиот милениум: леснотија, брзина, точност, видливост и многустраност. Освен со исклучителната фантазија на образложувањето преку која тежината станува леснотија, или бавноста брзина, оваа книга ја моделира три милениуми старата културна традиција што авторот ја користи за да докаже дека токму тие вредности со леснотија ги преминуваат вековите… Американски предавања може да се чита како клуч за творештвото на Калвино, но истовремено и како коментар за некои од најдобрите дела на светската книжевност. Со алхемичарска луцидност и суверена ерудиција што потсетува на Хорхе Луис Борхес, Калвино во книгата го дава одговорот зошто литературата и понатаму треба да се чита и која е нејзината вредност во времето кога доминацијата на новите медумите ја загрозува нејзината улога. Книжевниот рационализам помешан со чувство за парадокс и метафора ги исполнува страниците на ова исклучително есеистичко дело.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *