Автор:

 

Напишана во времето кога фотографиите и видео снимките на крвавите последици од тероризмот и војната рутински ги исполнуваат медиумите, За страдањето на другите е вни-мателно и длабоко афективно проучување на улогата што фо-тографиите ја извршуваат во нашите животи. Книгата го мену-ва нашето размислување не само за употребата и значењето на фотографиите, туку и за природата на војната, границите на сочувството и обврските на совеста. Сонтаг го анализира степенот на „затапеноста” од ужасните слики, и го поставува прашањето дали нашата способност да одговориме на ваквите ужаси не е „засенета” од светот во кој речиси с$ е претворено во спектакл, па со тоа и ужасот и стра-дањето на другите. Разгледувавајќи ја нашата порнографска фасцинација од сликите на ранети и мртви луѓе, За страдањето на другите ја трасира еволуцијата на „иконографијата на болката”, почнувајќи од сликите на Гоја, фотографиите на концентрационите логори, првите фотографии во боја од војната во Виетнам, до фотогра-фиите на уништувањето на Светскиот трговски центар…

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *