Автор:

Zbogum-Berlin„Збогум, Берлин“, роман првпат објавен во 1939 година, е збирка на полуавтобиографски записи водени во почетокот на триесеттите години во велеградот на Вајмарската република. Станува збро за шест „грубо поврзани целини“, како што вели авторот Ишервуд. Своевидниот берлински дневник ја доловува атмосферата во Берлин непосредно пред нацистичкото преземање на власта. Разјаден од економската криза и политичките судири, Берлин станува проголтан од нацистите, чиешто првично дивеење маестрално е опишано во романот на Ишервуд. Според дел од романов е снимен и славниот филм „Кабаре“ (1972) со Лајза Минели.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *