Конак
Еднаш Хидр, таинствениот водач на суфиите, влетал во кралската палата и се упатил право кон престолот.
Неговата појава била таква што никој не се осмелил да го сопре.
Кралот Ибрахим бен Адхем го запрашал што сака, а овој одговорил: „Барам место за спиење во конаков“.
„Ова не е конак, туку мојата палата“, налутено одговорил Ибрахим.
Странецот на тоа возвратил: „Кому таа припаѓала пред тебе?“
„На татко ми“, одговорил Ибрахим.
„А пред него?“
„На дедо ми.“
„И тоа место каде што луѓето постојано доаѓаат и заминуваат ти не го нарекуваш конак туку се обидуваш поинаку да го именуваш?!“