Главната намера на книгава е комплексноста на фото медиумот да ја претстави преку погледот врз еден дел на современата македонска фотографска сцена. Богатството на медиумот сакаме да го доловиме претставувајќи ја таа сцена што покомплексно и поразлично ‒ во стилска, поетичка, идејна, техничка, родова, генерациска… смисла. Ако сакаме да бидеме претенциозни, книгава може да биде и придонес за воспоставување, за артикулирање на овдешната фотографска сцена.
Уредници: Никола Гелевски и Драги Неделчевски
Во книгата се застапени авторите: Зоран Шекеров, Маја Аргакијева, Иван Блажев, Васе Аманито, Владимир Арсовски, Дејан Колевски, Билјана Јуруковски, Иван Илиев, Весна Каревска, Самир Љума, Лилика Стрезоска и Натали Башоски.
Повеќе за книгата