Автор: Будимка Поповска - Буде, Душица Димитровска, Маја Стефановска
Оваа мала збирка на „феминистички народни песни“ е илустрирана од три сјајни уметници. Со неа сакаме низ внимателни слики да претставиме дваесетина посебни, необични, интригантни „женски песни“ од народното ворештво.
Избирајќи три различни уметници и три различни ликовни приоди токму сакаме да укажеме на разноликоста на темата со која се занимаваме, создавајќи предизвикувачки споеви и контрапункти ем меѓу различни ракописи, ем меѓу два медиума – книжевноста и сликарството. Оти, како што велеше Вилијам Блејк: противставеноста е вистинско пријателство.
Илустраторки: Маја Стефановска, Душица Димитровска, Будимка Поповска
Уредник: Никола Гелевски