Автор:

„Нарилник за вештерки“ на Дубравка Угрешиќ е жанровски недофатлива книга. Првиот дел е еден вид продолжена роденденска честитка упатена до сопствената хероина Штефица Цвек. Честитката е истовремено осврт на четириесет години заеднички живот и судбината на еден книжевен лик, една книга и еден автор.

Вториот дел од „Нарилник за вештерки“ се состои од долг разговор со книжевната теоретичарка и феминистка Мерима Омерагиќ, каде Угрешиќ со полемичен тон зборува за патологиите на сегашниот момент („регионални“, но и глобални) и како настанале. без разлика дали се работи за уметност, култура или општество.

Угрешиќ ја спротивставува општата, самоубиствена култура на нарцизам со културата на отпор. Во литературата, колку и да звучи „романтично“ или „утопично“, тоа подразбира враќање во илегала.

Книгата е соработка на КРИК – фестивал за критичка култура и книжевниот фестивал ДРУГА ПРИКАЗНА. издавачи: Kontrapunkt, Multimedijalni institut MAMA Zagreb и Издавачка куќа Темплум

ФРАГМЕНТИ И ПОВРЗАНИ ТЕКСТОВИ (линкови):
„Лисица“
„Нарилник за вештерки (фрагменти)“
Дубравка Угрешиќ – добитничка на наградата „Друга приказна“ (образложение)

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *