Автор: Роберт Кувер -
Бебиситерката е новела која го користи прозниот медиум за да ги истражува процесите што се случуваат за време на читањето и пишувањето проза. Начинот на кој текстот е конструиран треба да го натера читателот да размислува за самиот концепт на прозата, и за тоа како таа ги избегнува „традиционалните“ форми преку истражување на сопствените капацитети…
Обидувајќи се да одговори на прашањето како би изгледал светот во кој сечија фантазија би се остварила, Кувер ја истражува потсвеста на своите ликови. Неговата омилена идеја е дека преку технолошките медиуми, како што е телевизијата, луѓето ги искажуваат своите скриени тајни.