Автор: Горан Петрески
„Значи, воопшто не сакам, ниту имам потреба да се бранам, но само ќе објаснам како настанаа овие раскази. Сè започна летото 1988 година, кога во едно популарно тинејџерско списание (Господ знае како се провлекол!) сретнав еден текст за финскиот писател Вере Гагонен. Тогаш, за првпат во мојот живот видов дека постојат толку мали раскази и веднаш се воодушевив од самата идеја дека за да се каже НЕШТО (паметно, тажно, смешно итн.) воопшто не мора да се напишат петстотини страници, туку тоа може да се направи во неколку реда.”