Автор: Франц Кафка
Преобразба, објавена1915 година, е најпознатата новела на Кафка. Приказната почнува кога трговскиот патник Грегор Самса ќе се пробуди преобразен во монструозен инсект. Наскоро тој станува предмет на немилост во сопственото семејство, изгнаник во својот дом, отуѓено битие без каква било можност за создавање релација со човечко суштество.
Оваа грозоморна, но истовремено апсурдно комична размисла за стравот, самотијата, загрозеноста, чувството на вина и изолацијата е едно од најчитаните и највлијателните дела на дваесеттиот век.