Автор: Славој Жижек
Делата на модернизомот по правило се “неразбирливи”; функционираат како шок, како наезда на трауматско доживување кое го подрива задоволството на секојдневието, и се опира на интегрирањето. Она што постмодернизмот го прави е нешто сосема спротивно: во постмодернистичката перспектива предметите par excellence се производ кој масовно се обраќа; целта на постмодернистичкиот приод е да се отуѓи нивната првична грдост. Доколку постои автор кој успева да го сублимира ова интерпретативно задоволство од “дистанцирањето” на баналната содржина, тогаш тоасекако е Алфред Хичкок (и – тешко дека може да се порекне – оваа книга енергично се втурнува во таквото лудило). Хичкок е сместен на психоаналитичарско канабе во овој чудесен збир на психијатриски случаи. Авторите успеваат со неверојатен ентузијазам и вешт теориски домет да го опфатат целиот негов опус, од Соба со поглед до Психо, обидувајќи се да го следат ритамот на постмодерната дефамилиаризатион. Поагајќи од премисата дека “сè има значење”, есеите поместени во оваа книга успеваат зад завесата на филмскиот медиум да откријат длабок печат на префинет идеолошки и психички механизам при создавањето на делото. Но Хичкок е тука како мамка со која читателот ќе биде вовлечен во “сериозно” марксистичко и лакановско проникнување при конструирањето на значењето. Провокативен и оригинален, овој зборник сигурно треба да се определи како маркер за секој обид да се анализира делото на Хичкок.