Автор:

 

Текстовиве во книгава беа објавувани во двонеделникот Форум од крајот на крајот 1997 година до средината на 2001-та. Станува збор за 86 текстови што беа поместени во рубриката на Светулки и Мракови. Овие текстови настануваат во еден сè уште недоволно дефиниран простор (што може да се нарече медиологија), простор меѓу журналистичкото и теориското, меѓу разумот и емоциите, меѓу политиката и техниката, меѓу медиумите и идеологијата сфатена како преовладувачка културна практика. Тие главно кружат околу “медиолошките прашања”: дали се намалуваат или зголемуваат нашите заблуди? Дали воопшто постојат критериуми за веродостојно просудување на телевизијата? До каде оди степенот со кој (се) манипулираат и инструментализираат медиумите? На што воопшто можеме да се потпреме? Итн.

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *