Автор:

 

Во новата книга на Никола Гелевски, Контрапункт 2001-2004; Принципи за една поинаква политика, се собрани колумните што авторот ги објавува во дневниот весник Утрински весник. Во предговорот на својата книга Никола Гелевски ќе напише: “Среде инфлацијата од колумнисти кои мошне лесно ја сфатија улогата на „јавен интелектуалец” (која неколкумина од нив ја сведоа на најниски можни гранки, деградирајќи го не само жанрот колумна туку и целиот македонски јавен простор), решив да изберам еден посериозен и, според мене, поодговорен пристап кон јавната работа, пристап во кој ќе има дури и нота на едукативност, но едукативност наменета токму за кобајаги „едуцираните”, луѓето од македонскиот естаблишмент сфатен во најширока смисла. Славниот Лихтенберг еднаш има речено: “Не е важно што некој мисли, туку што мислењето прави од него”. И Бенјамин се придружува кон тоа, велејќи дека сепак е важно што некој мисли, но дека и најдоброто мислење не служи за ништо ако од оние што го имаат не создава нешто полезно. Со еден збор: “Писателот кој не ги поучува писателите не поучува никого.” Книгата има 305 страници, нејзината цена е 200 денари, а во просториите на издавачката куќа Темплум може да се купи за 150 денари.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *