Автор:

„Хансеновите деца“ е возбудлив и застрашувачки роман за луѓето во последниот европскиот лепрозориум, на југоистокот на Романија. Во времето на падот на тоталитарниот режим на Чаушеску група луѓе се заробени во лепрозориумот, а истовремено и во своите индивидуални судбини. Силна и убедлива приказна, една од оние коишто постојано се читаат и одново се откриваат. Секој детаљ од приказната е набиен со блескава (на прв поглед невидлива) симболика која постепено ни се открива. Пред себе имаме метафорички бунар чиешто значенско дно речиси не се гледа.
Огнен Спахиќ (Ognjen Spahi}, роден 1977) е еден од најважните автори на современата црногорска литература. За романот „Хансеновите деца“ во 2005 година ја доби престижната награда „Меша Селимовиќ“ за најдобар роман на „заедничкиот јазик“ (Босна, Хрватска, Србија и Црна Гора). Спахиќ е автор и на збирките раскази: „Сето тоа“ (2001) и „Зимска потрага“ (2007). Работи во подгоричкиот весник „Вијести“, во рубриката за култура.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *