Автор: Бодган Богдановиќ
Не е неопходно да се потсетува на тоа дека современиот голем град е нежна конструкција и лабилен организам. Доволно е да се прескокнат една или две редовни технички инјекции, па неговиот метаболизам да дојде до работ на катастрофата. (…) Па сепак, градот е град, најдоброто и најскапоценото што ни се нуди, и токму најсилната закана е онаа што во прашање ја доведува самата идеја за градот, градот-идеја, идејата-слика, системот на метафори и тропи кој, како градските порти некогаш, мораат да се преминат за навистина да се влезе во градот.