Автор:

Не е спорно: Хана Арент (Hannah Arendt, 1906-1975) е меѓу највлијателните мислители на минатиот век, но се чини дека нејзиното време допрва доаѓа, како голем познавач на врската меѓу политиката и насилството и како некој што длабоко и лично го истражувал феноменот на политичката природа на злото. Самата Арент инсистирала дека таа во прв ред е политички теоретичар, иако филозофите ја присвојуваат во подеднаква мера. Нејзини позначајни книги се: Изворите на тоталитаризмот, За револуцијата, Луѓето во мрачни времиња, Human Cndition, Life of Mind… Нашето осврнување кон делото на Хана Арент има неколку цели; една од поважните е што низ текстовите на Арент и за Арент се обидуваме дасоздаваме јавна теориско-политичка свест за тоа дека изградбата на демократска култура мора да стои во врска со јавната рефлексија за граѓанската одговорност. Затоа решивме да ја преведеме најзината најконтроверзна и можеби највлијателна книга, Ајхман во Ерусалим, За Баналноста на злото. “Во 1961 година го следев Ајхмановото судење во Ерусалим за The New Yorker, каде што овој извештај, малку скратен, беше првобитно издаден во февруари и март 1963 година. Книгата беше напишана летото и есента 1962, а ја завршив во ноември истата година за време на мојот престој како соработник во Центарот за Виши Студии во Универзитетот Весли”.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *