Автор: Александар Грин
Александар Грин (Александар Степанович Гриневски, 1880-1932) е претставник на рускиот романтичарски реализам. Уште од детството ги сакал книгите за морепловство, патувања и авантури, и мечтаел да стане морнар. Во животот работел разни професии кои подоцна ќе му станат инспирација за многу од неговите авантуристички раскази. Неговата историја кај луѓето предизвикува желба за еден поинаков живот, полн со ризици, храбрости и сите оние особини потребни за еден истражувач, морепловец и авантурист. “Мене ме предизвикува земјата”, вели Грин на едно место. “Нејзините океани се огромни, нејзините острови се безбројни, и во неа се кријат еден куп таинствени, смртно љубопитни ќошиња.”