Автор:

antolgoija

Пат околу светот во 20 раскази „Пат околу светот во 20 раскази“ претставува антологија на светскиот расказ од втората половина на 20-тиот век. 20 застапени раскази нудат патување низ разновидните раскажувачки преокупации, поетики и жанрови кои доминираа со оваа форма.

Во книгата се застапени речиси сите модалитети на краткиот расказ: фантастика, магичен реализам, психолошки расказ, цртичка, реалистичен расказ, филозофски расказ, постмодернистички расказ, расказ со одредена политичка димензија…

Книгата ги носи најзначајните имиња на светскиот расказ од втората половина на 20-тиот век: Хорхе Луис Борхес, Јохан Борген, Дино Буцати, Хулио Кортасар, Итало Калвино, Јукио Мишима, Ефраим Кишон, Габриел Гарсија Маркес, Милан Кундера, Милорад Павиќ, Славомир Мрожек, Доналд Бартелми, Ијан Мекјуан, Јуриј Мамлеев, Анри Гуго, Рејмонд Карвер, Маргарет Етвуд, Људмила Петрушевска, Бернхард Шлинк, Георги Господинов…

 

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *