Автор:

Бруно Шулц е еден од најголемите магови во прозното исцртување на стварноста, и тоа оинаква каква што нè демне зад аголот на нашето наоблачено секојдневие кое е затскриено во затапените сетила. Фантазијата на Бруно Шулц е дива, слободна речиси до автоматизам во синтаксички вообличената перцепција. Станува збор за стварност во која сништата со ништо не се јасно разграничени и одвоени од јавето. Шулц во експозето за неговата најпозната книга раскази Продавници со боја на цимет вели: „Авторот мисли дека не е можно да се досегне најдлабокото дно на биографијата и конечниот облик на судбината со опишување на надворешниот тек на животот, ниту со психолошка анализа, без разлика колку таа длабоко понира. Суштинските карактеристики на човечкиот живот се наоѓаат во сосема поинаква димензија на духот, не во категоријата на фактите, туку во духовната смисла.“ Ова е прв превод на македонски јазик на еден од најзначајните полски писатели меѓу двете светски војни.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *