20/21 век

Античка сегашност [II]

Автор:

Книгата го обработува симболичкиот конфликт помеѓу Македонија и Грција по однос на историските права врз античкото минато и неговите симболи, вклучително и самото име Македонија. Тоа е дело кое првенствено критички го испитува создавањето и одржувањето на конкурентските наративи на античко потекло во двете држави. Самиот автор за својата книга вели: „Прво, таа го демистифицира …

Античка сегашност [II] Read More »

Говор на омраза и културна различност [I]

Автор:

Јасно е дека регулирањето на говорот на омраза генерално е прифатено, во смисла на негово казнување во различни степени. Европското искуство оди во правец на засилување на принципот на недискрими¬нација со правото да не се биде дискриминиран (Протокол 12 од Европ¬ската конвенција за човековите права) и со обидот за проширување на институтот „промоција на еднаквост”. …

Говор на омраза и културна различност [I] Read More »

Европејците на изумирање [32]

Автор:

Во времето кога низ Европа се засилува антимиграциското движење и кога водечките европски политичари прогласуваат смрт на мултикултурализмот, австрискиот есеист и писател Карл-Маркус Гаус во книгата „Европејците во изумирање“ ја истражува богатата и разновидна историја на заборавените европски малцинства. Во одличниот спој од патеписна проза, културна историја, живи сведоштва и филозофски рефлексии, Гаус нè потсетува …

Европејците на изумирање [32] Read More »

Медитеранска мисла [31]

Автор:

„Медитеранската мисла“ ја содржи идејата дека Југот не треба само да учи од Северот, од таканаречените „развиени земји“, туку дека и другите можат да учат од него. Значи, неговата судбина не е да исчезне за да стане Север. Треба да се зачува гласот на Југот, критиката што му ја упатува на нашиот ограничен начин на живот, условен од централната позиција што Северот и Западот ја заземаат во светот. Сметам дека Југот треба да ја зачува способноста да имитира, но исто така треба да се избори да заземе критички став кон еден свет кој своите суштински параметри ги изградил врз опсесијата на профитот и на брзината. Ние мислиме дека земјите во светот се поделени на развиени земји и земји во развој и дека вториве треба да станат како првите, што е невозможно во општи рамки, затоа што секоја земја има своја историја преку која го толкува развојот и врз таа основа ги гради своите потреби и својот глас. Погрешно е да се зборува со гласот на другите. Треба да се зборува со сопствениот глас. Пред сè на Југот треба да му се вратат некои особини што му припаѓаат. Јас во основа и‘ давам голема важност на бавноста. Не е вистина дека светот станува посовршен со брзината. Постојат неколку димензии на искуството кои можат да се остварат само низ бавноста. Такви се љубовта и спознанието. Мислата дека сè може да се збие, да се направи да биде побрзо е илузија која раѓа патологии. Југот би можел да ни помогне да ги видиме патологиите што се раѓаат од еден модел во кој развојот и разумот излегле надвор од мерката, станале разуздани, без никаква можност да се владее со нив.

Саемска цена:


Простори на моќта [30]

Автор:

  „Зоран Попоски потекнува од дел на Европа кадешто идејата и политичката реалност на границите во изминатите децении се стекна со ново и честопати проблематично значење. Co тоа, неговиот текст за границите носи печат на вистински интелектуален интерес кој се протега од чисто теориското па се до политичкото. Тоа е добра појдовна точка за истражување …

Простори на моќта [30] Read More »

Наративни идентитети: Криста Волф и Дубравка Угрешиќ [29]

Автор:

  Оваа студија отвора прашања кои се однесуваат на современиот идентитет на раскажувачкиот субјект во писмото на две најконтроверзни авторки на овој век, Криста Волф и Дубравка Угрешиќ. И двете пишуваат во комунинстички и пост-комунистички период, во однос на којшто заземаат творечки став. Што се ,,губи“ при транзитот на субјектот на раскажување од текстот кон …

Наративни идентитети: Криста Волф и Дубравка Угрешиќ [29] Read More »

Крупен кадар [28]

Автор:

  Да се истражува македонскиот филм, односно на-ционалната кинематографија која има мошне скром-на годишна филмска продукција, значи страшно да се ограничи корпусот дела врз кои ќе се истражуваат филмските специфики. Но, Алаѓозовски тоа одлично го прави воспоставувајќи рамнотежа меѓу теорискиот и аналитичкиот поттекст, од една страна, и анализира-ните дела, помеѓу македонската филмска продукција и странските …

Крупен кадар [28] Read More »

Доаѓање на свет – доаѓање до збор [27]

Автор:

  Двајца современи мислители ја одредуваат философската диску-сија во Германија надвор од академската философија која кај ни-кого повеќе не буди интерес: Јирген Хабермас и Петер Слотердајк. И двајцата се потомци на Критичката теорија на таканаречената „Франкфуртска школа”. И додека Хабермас со многу труд и во духот на Кант ги измачува своите читатели со научнички стил, …

Доаѓање на свет – доаѓање до збор [27] Read More »