Автор:

Старица има неколку значења: како прво, тоа е биографски текст, кој ги одразува реалните црти од животот на Хармс лично и неговите пријатели; како второ, тоа е психолошки текст, поврзан со самотијата и со обидите да се избега од неа; како трето, тоа е фантастичен текст: една ужасна и одвратна старица има чудна власт над главниот јунак, и неочекувано умира во неговата соба; како четврто, тоа е филозофски текст, поврзан со проблемот на верата и неверата. Сите овие значења се испреплетени меѓусебно во целата повест, која започнува со навестувањето, а подоцна и со остваруваwето на еден неверојатен а сепак реален кошмар. Според оваа повест во 1992 е снимен и филм во Русија со наслов Стару-ха-рмса. Таинствени исчезнувања, несреќни случки, неверојатни или неповрзани настани, убиства, тепачки, паѓање на луѓе од покриви, апсурдни ситуации – сè се тоа парчиња од гротескната слика на светот во необичните раскази на Даниил Иванович Јувачов, попознат во книжевните кругови како Данил Хармс (1905-1942).

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *