Автор:

 

Осумнаесетте раскази од Девојката што паѓа го прикажуваат Буцати во најдобро светло – станува збор за моќни приказни, во кои доминираат апсурдот и црниот хумор, фантастиката проткаена со меланхоличен лиризам. Авторот е опседнат со светот на непознатото, кој најчесто добива застрашувачки димензии. Во овие раскази доминира традиционалниот тек на раскажување, но фантастичното, бајковното, чудесното, ужасното, метафоричното, симболичното и алегориското поместување доведуваат до создавање позиција од која неговиот поглед, секогаш чувствителен за она што се наоѓа под видливото, создава сатиричен однос кон силите кои имаат тенденција да ја поедностават стварноста. Буцати отворено истакнува дека неговиот интерес за литературата се движи кон таканаречената “црна” литература, кон приказните за духови, мистерии, светот на страшното и навидум невозможното.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *