Автор: Џон Фанте
„Прашај ја правта“ е виртуозно напишан роман, приказна за Артуро Бандини, млад човек кој во триесетите години на дваесеттиот век живее во Лос Анџелес и се обидува да го пронајде својот пат како писател. Се вљубува во нестабилната Камила Лопез и тие почнуваат да градат амбивалентен однос, измешан со чувство на љубов и отфрлање на другиот, секогаш движејќи се на границта меѓу љубовта и неспособноста таа да се искаже и сподели.
Ритмичен, со мешавина на речиси маѓепсничка едноставност и вознемирувачки психолошки пресврти, Прашај ја правата е динамичен, разурнувачки сликовит и поетски јасен роман.
Едноставен, болно искрен, силно емотивно набиен.
Денес Џон Фанте (1909-1983) се смета за еден од најдобрите американски писатели на својата генерација, автор кој ќе изврши големо влијание врз бит генерацијата и особено врз Џек Керуак и Чарлс Буковски.