Автор:

Со својот гениј, со темпераментот, По успеа, на беспрекорен, потресен и стравотен начин, да ги наслика и објасни исклучоците и во моралниот поредок. По е писател на нервите, па и повеќе од тоа – тој е најдобриот што го знам. Кај него секое влегување во предметот привлекува како вртлог. Веднаш на почетокот јасно е дека станува збор за сериозни нешта. Бавно, лека-полека, се развива раскажување кое почива врз едвај насетливи свртувања на разумот, на смели претпоставки, на неразумното одмерување со Природата… Читателот понесен со вртоглавица принуден е да го следи писателот низ неговите убедливи заклучоци.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *