Автор:

Главниот протагонист во романот е соочен со својот живот што не може да го препознае како свој, и постојано се гледа себеси отстрана, како да е туѓинец. Преку мотивот на двојникот, Гроздан како да се гледа низ туѓи очи и, поради тоа што во даден момент престанува да ја разликува стварноста од фантазијата (или стравот од стварноста), и повеќе не препознава дали самиот учествува во настаните или само ги замислува, светот околу него ја губи смислата. Аспектот кога стварноста прераснува во гротеска и во бесмисленост е успешно воден преку неизвесните и динамични исечоци од животот на протагонистот.

Одделните настани се поврзани преку лајтмотивот на двојникот, преку повторувањето на ситуации и реплики во кои секогаш се надополнува нешто ново или се менуваат ликовите што ги изговараат истите зборови, како и преку некој вид запаѓање во состојба меѓу сонот и јавето, својствена за магичниот реализам.

Ѕвездан Георгиевски е роден 1961 година во Јесенице, сегашна Република Словенија. Интердисциплинарни студии по новинарство завршил на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1983 година. Работел во повеќе дневни и неделни весници. Еден е од основачите на првото приватно радио во Македонија „Канал 4“, како и на наградата „Роман на годината на Утрински весник“.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *