Автор:

 

“Првото македонско претставување на непредвидливиот, политички и естетски шокантниот руски писател со, во меѓувреме, значаен и мошне контроверзен политички стаж, е избор од неговите три збирки раскази: Девојката ѕвер, Вообичаените инциденти и Книга на водата. Авторот кој ги прослави своите бисексуални авантури во романот “Тоа сум јас, Едичка” (преведен на над 20 јазици), и во расказите продолжува да провоцира и вџашува: против коректноста, против естаблишментот, против моралот, против Западот, против лицемерието и мртвилото… Но, за да не биде само против, Лимонов е за: лудилото и креативноста, пред сè, па и кога се сплотени во креативно лудило!

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *