Автор: Елијас Канети
Проучувајќи ги човечките недостатоци и настраности, карактерните особини и опсесии, Канети на еден многу духовит начин, преку играта на зборови, понекогаш и со помош на надреални слики, ja користи стараta метода на Теофраст и & дава сопствен, модерен печат. Своето животно искуство и исклучителната моќ на забележување тој ги претвора во специфична стилска форма и на читателот му претставува цела една наука за типовите, заснована на моментални поетски снимки.
Елијас Канети е роден на 25 јули 1905 година во Русе, денешна Бугарија, во еврејско семејство со шпанско потекло. Во 1911 година со своите родители се сели во Англија, а две години подоцна – по смртта на неговиот татко – со мајка му во Виена. Таму студира природни науки и се стекнува со титула доктор по филозофија. Во 1938 година е принуден да ја напушти Австрија и, заедно со својата жена Веза, емигрира во Англија каде што го пишува и неговото главно социолошко дело „Маса и моќ”. Од доцните шеесетти живее на релација Лондон – Цирих каде што и умира во 1994 година. Во 1981 година Канети ја доби Нобеловата награда за книжевност.